(Видео) Убиен е висок функционер на Хамас во Бејрут

Во напад со дрон во јужен Бејрут загинаа четири лица меѓу кои и заменик -шефот на Хамас, Салех ал-Арури. Неговата смрт беше потврдена од радиостаницата на Хамас. 

Експлозија се случи во јужното предградие Дахије во Бејрут, потврдија за Ројтерс два безбедносни извори. Израелските медиуми, повикувајќи се на истата агенција, наведуваат дека цел на нападот била канцеларијата на Хамас во Бејрут.

Оваа информација ја пренесе телевизијата Хезболах. Од експлозијата е причинета голема материјална штета.

Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври лани изврши напади на Израел, и оттогаш групата и Израел се во војна. Во Газа загинаа над 22.000 Палестинци. 

Според либанската државна телевизија, мета на израелски дрон била регионалната канцеларија на Хамас во јужното предградие на Бејрут. Педесет и седумгодишниот Арури беше еден од основачите на военото крило на Хамас и го предводеше неговото присуство на окупираниот Западен Брег. Тој беше еден од функционерите на Хамас кои беа најтесно поврзани со Иран и Хезболах.

Треба да знаете
Последни објави