Нов предизвик на Инстаграм носи големи опасности

Од неодамна низ Инстаграм се прошири тренд во кој корисниците снимаат видеа во кои одговараат на некои лични прашања. Трендот „Запознај ме“ на прв поглед изгледа безопасно и забавно, но безбедносните експерти предупредуваат на опасностите што ги очекуваат оние кои објавуваат вакви видеа.

Имено, во видеата на Инстаграм корисниците откриваат бројни лични работи и детали за себе и својот живот – од возраста, датумот на раѓање, висината, местото на раѓање и живеење, дали имаат тетоважи или пирсинг, омилени градови, храна, пијалоци итн. Освен на Инстаграм, овој тренд се повеќе се шири и на ТикТок, а како причина поради која корисниците јавно би ги објавиле сите овие лични работи, најчесто ја наведуваат желбата да се запознаат со други луѓе.

Со објавување на тие информации, кои особено се однесуваат на корисниците кои јавно ги објавуваат, односно чии профили се достапни за секого, се споделуваат податоци кои можат да бидат од големо значење за хакерите и сајбер криминалците.

Експертот за сајбер безбедност Елијана Шајло, која и самата размислуваше за објавувањето на видео од предизвикот „Запознај ме“, предупреди на ова неодамна. Но, одговарајќи на прашањата, таа сфатила дека некои од тие податоци всушност се одговори на нејзините безбедносни прашања за различни услуги. Дури и ако не ги откриете одговорите на безбедносните прашања со објавување на тие податоци, сепак на криминалците и хакерите им давате многу лични податоци кои подоцна можат да ги користат за социјален инженеринг со цел да ги направат најубедливите измами.

Слично предупредување доаѓа од американското Министерство за правда: Секој може да види што објавувате на интернет. Споделувањето лични информации со луѓе кои лично не ги познавате е еден од најголемите ризици на интернет.

„Њујорк пост“ ги пренесува објавите на некои корисници на социјалните мрежи кои се пожалиле дека нивните сметки биле хакирани само два дена откако како дел од овој тренд објавиле бројни лични податоци на Инстаграм, пишува Зимо.

Треба да знаете
Последни објави