Новороденчето со скршеница на раката нема да има трајни последици

При породувањето родилка во Гинеколошко-акушерската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, со царски рез, бебето се здобило со скршеница на раката. За настанот кој се случил во саботата на ГАК родителите Дамјановски се пожалија дека не им било дозволено да го видат бебето и дека не им било кажано дека му е скршена раката. Директорката на ГАК, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиуми рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа. Јовановска денеска се сретнала со семејството на бебето и им објаснила како е настаната повредата. Раката на бебето е имобилизирана и нема да има трајни последици. -Им објаснував како е настаната повредата. Ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот. Поради големото количество плодова вода и конструкцијата на мајката, бебето се свртело на стомак и било во попречна позиција, изјави Јовановска. За случајот е формирана комисија која ќе ги истражи сите околности. Мајката се породила во саботата, околу 18 часот со царски рез што го извела докторката Маја Котева Мираковска.

Треба да знаете
Последни објави