Елмас ги освои симпатиите на тренерот Розе

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, започна со тренинзи со својот нов клуб бундеслигашот РБ Лајпциг на подготовките во Шпанија. Елмас на старто во новата средина иако има мала повреда на бутен мускул, ги освои симпатиите на тренерот Марко Розе. -Со Елиф ќе ја пополнивме празнината во тимот на позициите кои останаа по двете заминувања на Форсберг и Карваљо. Нашиот ростер не е широк, но полн е со квалитет. Елмас е сестран, флексибилен играч. Тој може да игра поназад во средниот ред, како офанзивен играч во средина, и на двете крилни позиции. Тој има одлична техника, а исто така се враќа назад и помага во одбрана, изјави Розе.

Треба да знаете
Последни објави