Евакуирани околу 1.200 луѓе во источна Индонезија по ерупција на вулкан

Властите на островот Флорес во Индонезија евакуираа речиси 1200 луѓе од селата во близина на вулканот Левотоби, откако исфрли пепел и чад до висина од 1500 метри во воздухот, изјави денеска официјален претставник.

Вулканот, кој се наоѓа во областа Источен Флорес во источната провинција Источна Нуса Тенгара, еруптираше вчера, што ги натера властите да го подигнат нивото на тревога на второ највисоко ниво.

Ова е беше втора ерупција за помалку од две недели откако вулканот на 23 декември еруптираше за прв пат по 20 години.

Жените, постарите возрасни лица, децата и бебињата биле однесени во засолништа како што се училишта, канцеларии и воени бази. Луѓето биле советувани да се држат подалеку од радиус од два до три километри од кратерот. Нема извештаи за повредени или причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави