15 шверцери на дрога убиени во конфликт на Тајланд

Во размена на оган со припадници на тајландските безбедносни сили во близина на границата со Мјанмар загинаа 15 шверцери на дрога.

Запленети се околу два милиони таблети метамфетамин, соопштија  тајландските власти.

Судирот во саботата вечерта се случил откако локалната полиција добила дојава за активностите на шверцери во пограничната област со Мјанмар во провинцијата Чианг Раи, изјави Фанурат Лукбун, вршител на должноста генерален секретар на Одборот за контрола на наркотици, пренесува АП.

За идентификација побарале да ги прегледаат ранците, но членовите на оваа група почнале да пукаат во нив, рече Фанурат.

Тој изјави дека конфликтот траел околу 15 минути и дека сите припадници на тајландските безбедносни сили се неповредени.

Кај осомничените шверцери биле пронајдени 17 ранци направени од вреќи со вештачко ѓубриво во кои имало повеќе од два милиони таблети метамфетамин, потврдија официјални лица.

Треба да знаете
Последни објави