Дарио Ивановски, нашиот најдобар маратонец денес на маратонот во Валенсија (Шпанија), го собори македонскиот рекорд во маратон со време од 2 часа 11 минути и 53 секунди за кое ја истрча патеката долга 42,2 километри, што претствавува одличен резултат во светски рамки. Досегашниот Македонски рекорд кој исто така беше во сопственост на Ивановски беше поставен на 15 мај 2022 година во Копенхаген и изнесуваше 2:18.12.
Победник на маратонот во Валенсија беше Сисај Лема од Етиопија со време од 2:01,48 часа. Ивановски трката ја заврши на 50. место.