Search

Претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Шпољариќ се сретна со првиот човек на Хамас, Ханије

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека неговата претседателка Мирјана Шпољариќ отпатувала во Катар и се сретнала со лидерот на палестинската организација Хамас, Исмаил Ханије, со цел да се „постигне напредок во хуманитарните прашања поврзани со вооружениот конфликт во Израел и Газа”.

Хамас управува со Појасот Газа, многу мала и густо населена територија на источниот брег на Средоземното Море што граничи со Египет и Израел.

„Претседателката Мирјана Шпољариќ се сретна со Исмаил Ханије, шефот на политичкото биро на Хамас и одделно со властите на Катар“, се наведува во соопштението на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Катар посредува во напорите да се обезбеди ослободување на израелските заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа. Арапската земја од Персискиот залив во неделата го изрази своето уверување дека останале уште „многу мали“ пречки за да се постигне договор.

Според МКЦК, посетата на Шпољариќ е дел од напорите да се одржат „директни разговори со сите страни, со цел подобро почитување на меѓународното хуманитарно право“.

Во соопштението се наведува дека Шпољариќ се сретнала и „во неколку наврати во последните неколку недели, со семејствата на заложниците држени во Газа, како и со високи израелски и палестински функционери“

Треба да знаете
Последни објави