Search

Вучиќ не му остана должен за сознанијата на Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ на перс- конференцијата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека српските вооружени сили професионално ги извршувале своите задачи.

– Што се однесува до Армијата на Србија, таа професионално ги извршуваше своите задачи. Таа никогаш не ги надминала своите права и овластувања. Секогаш имала коректни односи со КФОР и НАТО. А, каде и како согласно Уставот на Република Србија и законите на оваа држава и без да загрозиме никого на никаков начин ќе ја распоредиме нашата војска, тоа е наша работа – изјави српскиот претседател додавајќи дека Србија е воено неутрална земја и дека не добива наредби од никого.

Потоа тој ги коментираше можните заеднички вежби со НАТО:

– Се знае кој раководи и командува со српската војска. Како врховен командант на вооружените сили ќе испратам барање до Владата на Србија да ја разгледа одлуката за продолжување на вежбите со нашите партнери.

Во неделата косовскиот премиер Албин Курти на Фејсбук ги соопшти своите сознанија што се подготвува од другата старна на административната граница. Тој напиша дека има информации дека Србија поставила противвоздушни системи на границата со Косово и дека не ја повлекла војската и покрај меѓународниот притисок, како и тоа дека се врши притисок врз Србите на Косово да не излегуваат на гласање за претстојните избори на 17 декември, а лидерот на Српската листа, Милан Радоичиќ, се сретнал со дузина политичари во Србија.

Вучиќ, не остана покус и возврати дека на Србите повторно ќе им биде скратено правото да гласаат на Косово на претстојните избори на 17 декември.

– На Србите ќе им биде скратено основното право што го имаат во согласност со Повелбата за човекови права и резолуциите на Обединетите нации. Однапред знам што ќе се случи. Курти, затоа што сака да им помогне на некои луѓе во изборниот процес, но нема да спомнам кои луѓе, ќе каже дека нема да има избори ни на северот, ниту на југот. А потоа ќе имаме една јасна осуда што Квинта ќе ја даде во изјава и тоа ќе биде крај на приказната. Србите нема да гласаат на Косово – рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави