Search

Англиските навивачи пристигнаа во Скопје, засилено обезбедување во центарот на градот

Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат фудбалската репрезентација која вечер (20.45 ч.) на Арената „Тодор Проески“ игра со соодветната селекција на Македонија. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина.

Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје има зголемено присуство на полицијата.

За подобра безбедност и на гостите од Англија и на македонските граѓани, угостителските објекти во ГТЦ од страната на кејот на реката Вардар се еден вид „тампон зона“ намената исклучиво за Англичаните.

Треба да знаете
Последни објави