Search

ФФМ ги информира навивачите дека вратите на „Тодор Проески“ за дуелот против Англија ќе бидат отворени до 20:15 часот

Македонија утре го игра последниот меч во квалификациите за Европското првенство и тоа против најдобрата селекција во нашата група Англија која ќе ја пречекаме на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Мечот се игра во вечерниот термин од 20:45 часот, а во пресрет на истиот ФФМ упати апел до навивачите порано да дојдат на стадион, односно дека вратите ќе бидат затворени половина час пред натпреварот.

-Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација,

-Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на утрешниот натпревар против Англија на Националната арена „Тодор Проески“. Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:15 часот до 20:15 часот.

-Навременото доаѓање на стадионот ќе биде од корист за сите бидејќи нема да создава метеж пред влезовите на Националната арена-порачаа од ФФМ.

Треба да знаете
Последни објави