Search

Ивановски со победа го започна Челинџер турнирот во Јокохама

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер турнирот од серијата 75 што се игра во јапонскиот град Јокохама.

Ивановски во првото квалификациско коло го совлада домашниот тенисер, 24-годишиот Шинџи Хазава (583 АТП ранг) со 2-1 во сетови (3-6, 7-5. 6-4) за 2 часа и 12 минути игра.

Во следното коло противник ќе му биде Јан Баи од Кина, кому му го предаде мечот на претходниот Челинџерот во Кобе.

Баи на стартот на квалификациите го совлада Германецот Каи Венелт со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).

Победникот од дуелот меѓу Ивановски и Баи ќе се пласира во главната фаза на Челинџерот во Јокохама.

Треба да знаете
Последни објави