Инфлација во Германија во октомври на најниско ниво во последните две години

Годишната инфлација во Германија се намали на 3,8% во октомври, што е најниска стапка од август 2021 година, според денешните објави.

Бројката е намалена четврти месец по ред, а во септември таа изнесуваше 4,5%, покажаа податоците на Федералната канцеларија за статистика (Дестатис).

Додека цените на енергијата се намалија за 3,2% на годишно ниво во октомври, цените на храната се зголемија за 6,1%.

Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, забави на 14-месечен минимум од 4,6% во септември на 4,3% во октомври.

На месечна основа, германскиот индекс на потрошувачки цени се очекува да остане непроменет во онос на септември 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави