Спасовски за МИА: За 35% зголемена платата на вработените во МВР за време на мојот мандат, од 2017 наваму исплатени сите бонус плати, за првпат следува  и регрес

Во интервју за Македонската информативна агенција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан околу зголемувањата на платите на вработените во Министерството за внатрешни работи, рече дека за време на неговиот мандат, од 2017 наваму, платите се зголемени за 35%. Притоа, Спасовски направи компарација со претходната власт во однос на зголемување на плати и за исплатата на бонус плата.

„35% е зголемена платата на полициските службеници од моментот кога јас сум министер до денеска – преку домаќинско и одговорно работење. Јас сакам да напоменам неколку факти: Буџетот на МВР не е зголемен, освен оваа година, првпат за 6%, бил ист како што бил и до 2017 година. Со тој ист Буџет до 2017 година ние затекнавме околу 40 милиони евра доспеан долг на МВР и сите овие проблеми кои ги имавме. Денеска имаме состојба во којашто со истиот Буџет, целата опрема, градба на зградби – сѐ што е направено, и притоа немаме никакви доспеани долгови и платата растела за 35%. Вториот факт, до 2017 година никогаш не беше исплатена бонус плата. Полициските службеници тужеа преку судски пресуди, плаќаа дополнителни камати и ги земаа бонус платите кои им следуваа. Ние од тој момент до денеска секоја година исплаќаме бонус плата на полициски службеници кои ги исполниле условите за бонус плата, и притоа без никаков проблем го правиме тоа. Сега за месец септември исплативме зголемување на плата за 10%, а сега до крајот на годината ќе исплатиме регрес за годишен одмор по 10.000 денари за секој вработен во македонската полиција”, рече министерот Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави