Шефот на парламентарната група на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен денеска изјави дека на Израел мора да му се дозволи да го искорени Хамас и да му се дозволи на палестинското население да се евакуира од Појасот Газа.
„Мора да му се дозволи на Израел да го искорени Хамас. Мислам дека за ова, можеби, треба да обезбедиме заштита на дел од палестинското население“, рече таа во интервју за програмата Европа 1, пренесена од ТВ БФМ.
Таа изјави дека меѓународната заедница треба да побара од Египет да отвори азил, за да може палестинското население да биде евакуирано од Појасот Газа.
„Дел од палестинското население веројатно го поддржува Хамас. Но, другиот дел се нивни заложници“, изјави француската политичарка.
Таа претходно во францускиот парламент ја потврди својата поддршка за „настраданиот израелски народ“.
„Овој 7 октомври бевме сведоци на она што мислевме дека никогаш повеќе нема да го видиме: погром во самата земја Израел“. Овде ја потврдувам нашата поддршка за напатениот израелски народ, за погодените семејства и за сите оние кои ги трпат последиците од овие злосторства“, рече Ле Пен.