Search

Запленета расипана храна во вредност од 30 милиони евра: Криминалците го бришеле рокот на употреба па ја продавале

Во акцијата ОПСОН, координирана од Европол, која беше спроведена од декември 2022 до април 2023 година во Европа, а во која учествуваа 25 земји, била откриена и одземена расипана или храна со поминат рок, наменета за продажа, вредна 30 милиони евра.

ОПСОН е заедничка операција на Европол и Интерпол чија цел е сузбивање на продажба на лажна и супстандардна храна и пијалоци. Од Европол појаснуваат дека ваквите контроли се спроведуваат затоа што за време на пандемијата на КОВИД, откриени се повеќе случаи во кои се продавала расипана или храна со поминат рок.

Националните власти кои учествуваа во операцијата ги проверуваа синџирите за снабдување со храна и открија бројни неправилности. Нов тренд што беше забележан за време на последната акција на ОПСОН е повторно етикетирање на храната со поминат рок и тоа, како што вели Европол, во невиден обем. Модусот на работа беше следен: криминалните организации пристапуваат до компаниите за депонирање отпад од кои потоа купуваат храна која требало да биде уништена.

На таквата храна потоа ги бришат етикетите на кои е испишан рокот и печатат нови налепници на кои е променет рокот на употреба. Квалитетот на таа храна е лош и опасен по здравјето.

Во акцијата ОПСОН биле запленети 8.000 тони вакви прехранбени производи и 6,5 милиони литри алкохол. Главно се работело за овошје, зеленчук, морска храна, месо, слатки… Истовремено, извршени се 400 увиди, издадени се 143 потерници, извршени се 168 претреси, пријавени се 119 лица, а разоткриени се шест криминални организации. се занимаваа со овој „бизнис“.

Во Франција, Германија, Италија, Литванија и Шпанија се откриени компании кои рециклираат расипана храна и храна со поминат ро. Во тие земји дејствувала криминална организација, предводена од државјанин на Литванија, а членови на организацијата се осомничени дека незаконски го менувале рокот на траење на храната и ја препродавале.

Во Италија и Литванија се уапсени вкупно 27 лица, а одземени се 1,5 милиони пакувања со расипана храна. Во Шпанија, пак, се истражуваше измама со месо, а таму беа обвинети две лица за препродажба на пршута на која и поминал рокот. Запленети се 48.896 килограми и 3.000 парчиња пршута и колбаси.

Покрај оваа група, во Шпанија беше испитана и група која тргуваше со месо, риба и морски плодови на кои им беше истечен рокот. Осомничените фалсификувале рокови на употреба, а храната не ги поминала сите потребни контроли. Осум лица се уапсени, уште 48 се под истрага, а пронајдени и уништени се 25 тони прехранбени производи.

Понатаму, истрагата спроведена во Шпанија откри и две компании кои извезувале производи од инвертен шеќер што ги претставувале како деривати од грозје и концентриран сок од грозје. Ова им овозможило да ја удвојат, понекогаш дури и тројно да ја зголемат продажната цена и профитот. Главните извозни дестинации биле земјите надвор од Европската унија, главно Јужноафриканската Република. Запленети се две цистерни со 1,08 тони инвертен шеќер во вредност од околу 1,3 милиони евра.

Во акцијата на ОПСОН било проверено оригиналното потекло на некои производи кои се служат во рестораните, па се утврдило дека на пример се нуди фета сирење иако не е фета сирење.

Треба да знаете
Последни објави