Во кулата „Б“ на 17. кат во комплексот „Скај сити – Џевахир“ попладнево избувнал пожар, поради што дел од станарите биле евакуирани. Веднаш пристигнале противпожарни возила, но немало потреба од интервенција, бидејќи противпожарниот систем кој го има кулата ја завршил работата и недозволил пламените јазици да се прошират.
„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, велат од МВР.