Неосновани се тврдењата на претстедалот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце, реагираат од Министерството за правда и додаваат:
-Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони .
ВМРО ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот дне за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да ска ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема д аима/
Во однос на најавите за напуштање на Парламентот од страна на пратниците на ВМРО ДПМНе, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава. Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна. Можеби, господинот Христијан Мицкоски вака сака да и помогне на татковината со отворање простор за изгласување на уставните измени и отворање на патото кон ЕУ.