Search

Ковачевски: Како што трговците знаат да зголемуваат цени преку ноќ, така можат и да ги намалат преку ноќ

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање истакна дека маркетите и трговците имаат доволно време за да ги усогласат новите намалени цени на производите.

„Кога се работи за зголемување на цените, вие знаете дека цените знаат да бидат зголемени и преку ноќ, така што кога се работи за намалување на цените, тоа исто така може да биде направено во најкраток можен рок со оглед на тоа дека сите маркети работат со дигитални алатки и со софтвери кои што тоа го овозможуваат. Пазарниот инспекторат, Министерството за економија, Владата, на сите им се достапни за разговор. Сметам дека сите и од бизнис заедницата и од Владата, сакаат да им помогнат на граѓаните и треба сите да работиме, тоа заедно да го правиме“ порача Ковачевски. 

Владата на денешната седница донесе одлука со која се поевтинуваат цените на одредени пијалоци, но и се ограничуваат маржите за овошјето и зеленчукот, со што се очекува свежото овошје и зеленчук да поевтинат и за 30 отсто.

Треба да знаете
Последни објави