Search

Дачиќ се сретна со Лавров во Њујорк

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа на маргините на Генералното собрание на Он се сретна со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со кого разговарал за ситуација во Косово.

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека Дачиќ ја повторил решеноста на Србија да ја почитува Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и се заблагодари за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет.

Двајцата дипломати разговарале и за следната седница на Советот за безбедност за Косово, а Лавров и честитал на Србија и за изборот за домаќин на специјализираната изложба ЕКСПО 2027. 

Треба да знаете
Последни објави