Search

Јутјуб ги затвори каналите на Расел Бренд

 Видеоканалите на Расел Бренд на Јутјуб се суспендирани до следно известување, поради „прекршување на политиката на одговорност“ и заради заштита на корисниците, како што е наведено.

„Ако однесувањето на создавачот на содржини вон платформата им наштетува на нашите корисници, вработени или екосистемот, ние преземаме акција. Одлуката се однесува на сите канали што може да се во сопственост или управувани од Бренд“, соопшти видеоплатформата.

Британскиот глумец деновиве се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба и насилство. 

Треба да знаете
Последни објави