Search

Уапсен сопруг на советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште заради поседување и продажба на дрога ?!

Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Ова е наведено во дневниот билтен на МВР.

Како што дознава 24инфо уапсеното лице е сопруг на советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште.

Треба да знаете
Последни објави