Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дронови на Западниот Брег

Најмалку тројца Палестинци загинааа кога израелски беспилотни летала нападнаа упориште на екстремистите на окупираниот Западен Брег, а стотици израелски војници беа распоредени во областа.

Рацијата потсетува на големи воени операции за време на втората интифада, палестинскиот бунт против израелската окупација пред две децении.

На рацијата и претходеше притисок да се одговори силно на серијата напади врз еврејските доселеници, вклучително и нападот на 20 јуни во кој загинаа четири лица.

Палестинските медиуми објавија дека за време на рацијата снемало струја и воен булдожер возел низ тесните улички, потсетувајќи на израелските упади за време на последното палестинско востание.

Потполковник Ричард Хехт, портпарол на израелската војска, изјави дека операцијата започнала околу 1 часот по полноќ со воздушен напад врз зграда што ја користеле екстремистите, со цел да се конфискува и уништи нивното оружје.

Тој објасни дека во операцијата учествуваат околу 2.000 војници и дека воените беспилотни летала извршиле серија напади за да им го отворат патот на копнените сили.

Треба да знаете
Последни објави