Search

Од недела до четврток терестрична дезинсекција против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.06.2023 година (од недела до четврток) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира втората фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Треба да знаете
Последни објави