Search

Црвена звезда и Партизан, сепак, ќе го играат финалето на АБА-лигата

По состанокот на првите луѓе на српската КЛС лига и регионалната АБА-лига, се склучи договор со кој ќе биде возможно да се одиграат финалните мечеви од АБА-лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан и покрај првичното одбивање на Звезда поради згуснатиот календар.

Според планот, прво ќе се одиграат потребните мечеви во српската лига, пред на 13 јуни да почне дуелот помеѓу Звезда и Партизан за регионалната титула.

Партизан, бизарно, не учествува во натпреварите од српската Суперлига бидејќи „заборавија“ да ги поднесат потребните документи за учество во плејофот во период кога играа во четврт-финалето на Евролигата со Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави