Search

Фатена ајкулата која што нападна млад Русин во Хургада

Уловена е ајкулата која уби руски државјанин во Хургада додека тој пливаше во водата.

Веста за смртта на рускиот државјанин ја потврди рускиот генерален конзул во Хургада, Виктор Воропајев.

Според него, станува збор за 23-годишниот Владимир Попов, пренесува ТАСС.

Конзулот нагласи дека Попов не е турист, како што претходно објавија медиумите, туку дека живее во Египет. Тој додаде дека плажата „Дрим бич“, каде што се случи трагедијата, е општинска сопственост и дека не е во сопственост на ниту еден од хотелите кои вообичаено примаат туристи, вклучително и оние од Русија.

Руската дипломатска мисија ги повика своите граѓани „да бидат внимателни кога се во вода, строго да се придржуваат до забраните за пливање и нуркање воведени од египетските власти, како и строго да се придржуваат до предупредувањата на персоналот на хотелот и крајбрежната стража“.

Треба да знаете
Последни објави