Search

„Рамо до рамо до победа” во Демир Хисар и Кисела Вода: Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и прифаќањето уставни измени создава нова шанса

Секојдневните теренски активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа” денеска продолжија со средби на партиските тимови со граѓаните на општините Демир Хисар и Кисела Вода.

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски во Демир Хисар се осврна на европските перспективи на државата и на граѓаните и на новонастанатите околности на политичката сцена во државата.

-Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и прифаќањето на уставните измени како и учество во широка Влада за европски интеграции создава нова шанса. Сега треба дијалогот да продолжи.   СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа нациоанлна и стратешка цел, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

На граѓаните им е потребна интеграција, а не изолација, европска иднина за сегашните и идните генерации, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во Демир Хисар.

Рамо до рамо со граѓаните на Кисела Вода беа Тања Томиќ и Филип Даскаловски, кои се осврнаа на мерките и политиките на СДСМ кои даваат очигледни резултати и го подобруваат стандардот на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави