Search

Приведен разбојник во Кавадарци

На 07.06.2023 во 11 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник. Тој , исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е.
Малолетникот бил предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави