Search

Невремето во Делчево остави пустош: Проголтани и раскопани улици, возила под вода…

Во невремето во Делчево како што јавуваат локалните медиуми највеќе настрада Милково Брдо, каде граѓани јавуваат за поплавени објекти.

Фотографиите и видеата говорат за страшното невреме кое проголта улици и возила.

За невремето информираа и од ЦУК.

„Од 16:30 до 18:20 часот градот Делчево беше зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град), каде има поплавено повеќе од 60 објекти во населба Пролет, улица Индустриска. На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД Брегалница со цела нивна екипа, и вршат испумпување на вода од поплавените објекти. Поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија“, велат од ЦУК.

Уништена е и дел од улицата „Вера Јоциќ“. Во повеќе населени места во градот, автомобилите се под вода.

Возилата на дел од улиците во Делчево не може да движат и таму сообраќајот е во застој.

Врнежите од град кои биле со големина на лешник предизвикале штети на дел од раноградинарските култури и на дел од овошните насади.

Од Општина Делчево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.

Треба да знаете
Последни објави