Search

Меси сакаше да се врати во Барселона, пресече таткото Хорхе

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона сака да ја разбере одлуката на најдобриот играч во светот, својот поранешен член Лионел Меси, кој сака да игра во лига со помалку барања и далеку од рефлекторите се вели во соопштението на тимот од „Кам Ноу“.

Лионел кој ги заврши обврските со францускиот првак ПСЖ, не оди во Саудиска Арабија, не се враќа во Барселона, туку лета за Мајами. Барселона излезе со соопштение во кое тврди дека Лионел се надевал дека ќе се врати во тимот каде се афирмира и се вивна во фудбалските височини, но дека неговиот татко и менаџер Хорхе случајно го спомнал Интер Мајами и ја смениле одлуката.

„Во понеделникот, на 5 јуни, Хорхе Меси, таткото и претставникот на играчот, го информираше претседателот на клубот Жоан Лапорта за одлуката на играчот да му се приклучи на Интер Мајами, и покрај тоа што доби предлог од Барса, земајќи ја предвид желбата и на Барселона и на Лионел Меси да уште еднаш го носе дресот на „Блауграна“,  се вели во соопштението.

„Претседателот Лапорта ја разбира и ја почитува одлуката на Меси дека сака да се натпреварува во лига со помалку барања, далеку од центарот на вниманието и притисокот на кој беше изложен во последниве години“, се вели во продолжението од соопштението .

„И Жоан Лапорта и Хорхе Меси исто така се согласија да работат заедно за да подготват соодветна почит од навивачите во чест на фудбалерот кој е, бил и секогаш ќе биде сакан во Барса“, се заклучува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави