Search

Земјотрес од 4,8 степени ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран нешто по 15,30 часот по локално време во Грција. Потресот е регистриран во близина на грчкиот град Аталанти на околу 150 километри од Атина, а е почувствуван и во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

 Според Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 13 километри југозападно од Аталанти. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави