Search

Градоначалничката на Скопје на средба со Сенаторите на Чешкиот парламент 

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска оствари средба со Сенаторите на Чешкиот парламент, Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и конзулот Давид Чернохорски. На средбата е потврдено дека соработката со Градот Скопје која е интензивна во изминатата година, поттикна отпочнување на бројни квалитетни заеднички иницијативи и проекти.

Со Претседателот на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт на Чешкиот парламент, Мирослав Плевни, заменик претседателот на Комисијата за енергетика и транспорт Онджеј Фебер, претседателот на Поткомитетот за енергетика и транспорт, Михал Кортиш, членот на Комисијата за земјоделство, Ростислав Коштиал како и со Андреа Јонузова секретар на комисијата се потенцираше континуитетот на добрите пријателски билатерални односи меѓу Македонија и Чешка.

Оваа пријателска средба ќе придонесе за продлабочување на меѓусебната соработка како и продолжување на меѓусебната размена на знаења и искуства во повеќе области при реализација на заедничките иницијативи.

Треба да знаете
Последни објави