Search

Анчелоти: Реал има 73 натпревари во една сезона, а УЕФА и ФИФА додаваат тимови во ЛШ и на Мундијалите, вака веќе не може

 Тренерот на шпанскиот гигант, тимот со најмногу титули шампион на Европа – 14, Реал Мадрид, Карло Анчелоти го критикуваше календарот на модерниот фудбал.

-Мојот тим ја завршува сезоната со 73 настапи во Ла Лига, Куп и Светско клупско првенство. Од 30 декември до 12 март игравме нон-стоп (во овој сегмент Реал Мадрид одигра 20 натпревари) Исклучок е една недела во која се преселивме од Мароко во Саудиска Арабија. Ова вака не може да продолжи. УЕФА лансира нов формат на Лигата на шампионите со повеќе тимови, ФИФА го менува форматот на Светското клупско првенство со повеќе земји, а шпанскиот Суперкуп се игра во „фајнал фор“ формат. Или сите ќе се согласат, или здравјето на играчите повеќе не е важно. Точно е дека ни е имаме 25 играчи во тимот, но бројот на одиграни натпревари е преголем, изјави Анчелоти.

Покрај Анчелоти, густиот натпреварувачки календар го критикуваа и други тренери на врвни европски екипи.

Треба да знаете
Последни објави