Search

Спасовски од Сараево: С. Македонија бележи рекордни заплени на дрога

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ денеска се сретна со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е во официјална посета на Сараево.

„Поставивме две цели: придонес кон европскиот пат и желба нашите ресори да бидат локомотива на тој пат. По ЕВРОПОЛ си дадовме задача, а тоа е ФРОНТЕКС. Северна Македонија веќе ја исполни таа задача“, изјавил Нешиќ.

Нешиќ истакнал и дека Босна и Херцеговина и Северна Македонија се користи од страна на криминалци и шверцери на луѓе кога сакаат да побегнат од правдата. Тој додаде дека постои соработка и добри односи меѓу двете земји, кои се портите на ЕУ.

Спасовски истакнал дека Северна Македонија бележи рекордни заплени на дрога во последниот период.

„Во соработка со Грција пресековме синџир и запленивме околу 160 килограми дрога“, рече Спасовски.

Тој додаде дека шверцот со дрога е еден од приоритетите за Северна Македонија, заедно со сајбер криминалот и тероризмот.

Нешиќ се осврнал и на последните заплени во регионот.

„Очигледно нашите служби добро си ја вршат работата додека е пронајдена дрогата. Нашите служби постигнуваат добри резултати во однос на пронаоѓањето дрога“, рекол Нешиќ

Треба да знаете
Последни објави