Search

Филхармоничарите ќе протестираат пред Владата

Синдикатот на Филхармонија најави нов протест за денеска од 14 часот пред Владата бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот кој, како што наведува, е наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјава. 

-Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту, пак, се заложија за промена на штетната одлука. Вработените денеска ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата, информира синдикатот. 

Додава и дека протестите ќе продолжат „се додека државата не ја промени одлуката ’привремено’ да смести уште една институција во објектот на Филхармонија“.

Треба да знаете
Последни објави