Search

По дваесетти пат доделен Инженерски прстен на најдобрите дипломирани инженери

По дваесетти јубилеен пат, вчеравечер, беше доделен Инженерскиот прстен на најдобрите дипломирани инженери во Македонија. Во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Инженерски прстен добија уште 12 нови дипломирани студенти. 

Ова признание досега го добиле 214 најдобри студенти од инженерските професии. Годинава, признанието го доделија претседателката на Инженерската институција, Христина Спасевска и претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Кристинка Радевски, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. 

Треба да знаете
Последни објави