Search

Оштетени три автомобили во експлозија при неуспешен грабеж на банкомат во Чаир

Три возила се оштетени во експлизија на банкомат ноќеска во Чаир, дознава 24 Инфо.

-На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале, велат од МВР.

Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица.

Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави