Search

Лишен од слобода крадец од Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

На 05.06.2023 во 16.00 часот полициски службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(45) од Гостивар. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба, при што од деловен објект на Ш.А.(31) од гостиварско Форино одзел пари. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави