Search

Уапсени тројца дебрани, со пиштоли пукале на Дебарско езеро

На 03.06.2023 на брегот на Дебарското езеро, полициски службеници од ОВР Дебар ги привеле А.Р.(43), С.Ф.(27) и Д.А.(29), сите од Дебар.

Тие се сомничат дека го нарушиле јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје. Во нивна близина, во објект во изградба, биле пронајдени 12 чаури калибар 7,62 милиметри пиштолска муниција.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави