Search

Премиерите од Западен Балкан в четврток  ќе се сретнат во Тирана

Се очекува оваа недела во Тирана да се сретнат премиерите на земјите од Западен Балкан, јави Топ чанел.

-Во четврток се очекува да се одржи средба во формат „retreat“ што е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Се очекува премиерите да разговараат за исполнување на договореното на изминатите средби на оваа иницијатица, додава телевизијата.

Секако, дел од разговорите ќе бидат и состојбите во регионот, особено случувањата на северот на Косово.

Местото избрано за оваа средба е еден од неодамна отворените хотели во центарот на Тирана.

Треба да знаете
Последни објави