Search

Дојави за бомби во Нови Сад: полицијата била известена дека има поставено експлозив во два факултети и три трговски центри

Утрово во периодот од 07:20 до 8 часот во полиција пристигнале пријави за подметнати бомби на повеќе локации, пренесуваат српските медиуми.

Според извештаите, бомби биле пријавени на два факултети во Нови Сад, три трговски центри, хотел и други објекти.

„Полициската акција е во тек. Се вршат претреси. Граѓаните се безбедни – вели извор на „Блиц“.

Во објектите кои досега биле проверени било констатирано дека пријавите се лажни.

Треба да знаете
Последни објави