Search

Масовна тепачка ноќеска пред дискотека во Парк, вчера уште десет тепачки низ градот, се тепале жени и малолетници

Масовна тепачка ноќеска во Градски Парк и десет тепачки низ целиот град регистрирала полицијата вчера, информираше МВР.

На 04.06.2023 во 01.30 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Р.Ц.(19), Е.Ц.(20), Ј.М.(21) и Ј.М.(21), од една страна, и Е.К.(19), М.М.(23), П.Ј.(20) и Т.Ш.(20), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 20.00 часот Р.А.(22) од Скопје пријавил дека околу 17.40 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од С.С.(32) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 02 и на 03.06.2023 во СВР Скопје Т.И.(42), К.К.(49) и Н.Р.(48), сите од Скопје, пријавиле дека на 02.06.2023 околу 21.30 часот пред угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром нивните три малолетни деца биле физички нападнати од други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.06.2023 во 13.40 часот Б.К.(24) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во с.Долно Лисиче, скопско, тој, А.П.(24) и Д.Т.(24) биле физички нападнати од Ф.Т., З.Т.(21) и А.К.(21), сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 03.06.2023 во 14.00 часот, Б.Ќ.(40) од Тетово пријавил дека на влезот за с.Семениште, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Е.А.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.06.2023 во 20.00 часот Ф.К.(52) пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходни недоразбирања, била физички нападната од Ф.У.(56), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 03.06.2023 во 19.50 часот М.В.(41) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот на подрачјето на Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно женско лице. Се работи на расчистување на случајот. 

На 03.06.2023 во 20.30 часот Х.Х.(44) од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходни недоразбирања, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од Е.А.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 03.06.2023 во 09.30 часот било пријавено дека околу 09.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Р.Р.(55), С.И.(56), Б.Е.(32), од една страна, и Д.Г.(43) и С.Г.(61), од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 03.06.2023 во 12.00 часот К.М.(26) од Скопје пријавил дека околу 11.25 часот на подрачјето на Драчево бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 03.06.2023 во 22.00 часот Ф.Б.(39) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во населбата Топанско Поле, неговиот малолетен син заедно со негов малолетен другар биле физички нападнати од тројца малолетници од кои едниот употребил остар предмет. Се работи на расчистување на случајот. 

Треба да знаете
Последни објави