Search

Реал се согласил да го исплати Азар само да си замине од „Сантијаго Беранбеу“

Реал Мадрид и белгискиот фудбалски интернационалец Еден Азар се договорија да ја прекинат соработката една година пред истекот на договорот. Азар ќе може да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч, соопшти шпанскиот гигант.

Кралскиот клуб ќе му ја исплати последната година од договорот на Азар.

Шпанските медиуми пишуваат дека Белгиецот ќе одлучи за својата кариера, иако со голема веројатност најавуваат дека ќе се одлучи да заврши со играње на 32 години.

Во 2019 година, Еден Азар пристигна во Реал Мадрид како големо засилување. Тој беше платен 100 милиони евра на лондонски Челзи, но некогаш големиот Белгиец не покажа ништо на „Сантијаго Бернабеу“. Оваа сезона одигра 10 натпревари за кралевите и постигна еден гол. Вкупно одигра само 76 натпревари во дресот на Реал со учинок од седум гола и 12 асистенции.

Покрај тоа што Реал за него плати 100 милиони евра, Белгиецот беше еден од најплатените играчи на Бернабеу.

Заработувал 28 милиони евра бруто годишно, што значи дека за овие четири години Реал му платил 112 милиони евра. Кога ќе се одземе 50 отсто од данокот, Азар имал 56 милиони евра нето пари.

Секако, за раскин на договорот ќе биде платен и Азар, кој се договори клубот да му плати 50 отсто, што значи 28 милиони бруто. Откако ќе го плати данокот, на сметката ќе има седум милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави