Search

Ѓоковиќ откри низ каков пекол минувал: Ова ми се случи само против Надал, преживував

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го нокаутира Алехандро Давидович Фокина со 7:6(4)/7:6(5)/6:2 и со тоа се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.

Во текот на мечот беше јасно дека Србинот физички не се чувствува најдобро, побара медицински тајм-аут, а главно го мачеше колкот, кој му правеше проблеми на почетокот на годината.

„Поголемиот дел од натпреварот навистина се мачев, преживував наместо да уживам и играв. Бев слаб во првиот сет, преживеав некако, успеав да излезам од бездната на првиот сет. Во вториот сет имаше многу осцилации, поради ветерот го изгубив ритамот на сервис, кога ќе ти влезе црв во главата, губиш самодоверба и играч од негов калибар го чувствува тоа. Не се сеќавам кога последен пат одиграв два сета во времетраење од три часа, можеби против Надал. Знаев дека ќе биде борба, но не толку многу. Заслужи да освои еден сет и тоа е тенисот, некако успеав да се пробијам и да го играм најдобриот тенис кога е најважно. Го зголемив квалитетот на мојата игра во третиот сет, генерално задоволен сум и секогаш можам подобро, но приоритет сега е да се опоравам за да бидам што е можно повеќе свеж“, изјави Новак, пренесе „Нова.рс“.

Тој не го избегна ниту прашањето за односот со публиката.

„Односот со публиката некогаш е добар, некогаш не. Знам дека сакаат аутсајдерот да победува, сакаат драма. Имам нешто против кога не ги почитуваат играчите, кога некој ќе почне да ти свирка. Посакувам повеќето луѓе да беа на моја страна, но знам дека тоа не е можно. Кога некој провоцира, познато е дека реагирам на неправдата. Не ја разбирам причината за тоа, тоа е дел од работата, спортот што го играте, тие платиле билет и јас го почитувам тоа, но поединци се истакнуваат со тие реакции и слично“.

Тој откри дека во останатиот дел од турнирот ќе ја има поддршката од семејството.

„Денес доаѓаат моите деца, мислев на нив кога ми беше многу тешко. Бев исцрпен и потоа ми се појавија, сега слетуваат и добив поттик“.

Фокина беше голем предизвик за Новак во оваа фаза од турнирот.

„Задоволни сте кога ќе поминете низ ваков предизвик и тоа може да биде поттик“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави