Search

Фатален судир на два воза во Индија – најмалку 30 луѓе загинаа, над 100 се повредени

Во судир на два воза во источната индиска држава Одиша, повредени се најмалку стотина луѓе, јавува Би-би-си. Според информациите на порталот „Индија тудеј“, досега бројот на повредени е 179.

Речиси 50 возила на итната помош се испратени на местото на несреќата, рече државниот секретар.

„Ројтерс“ јавува дека загинале најмалку 30 луѓе.

Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер објави дека е потресен од несреќата и оти неговите мисли се со семејствата на жртвите.

Треба да знаете
Последни објави