Search

Непоразен светски шампион во бокс оди во затвор!

Еден од најдобрите светски боксери, Џервонтa Дејвис, бил уапсен синоќа во Балтимор, затоа што излегол од дома и прекршил активна условна казна.

Актуелниот светски шампион во лесна категорија и некогашен во суперлесна и суперперо категорија ќе помине околу два месеца во затвор, само затоа што го напуштил домашниот притвор.

Тој му беше досуден на почетокот на мај, за дело старо близу три години. Во 2020 година, со своето Ламбургини поминал на црвено, повредил четворица и се забил во оградата од еден дуќан. Потоа побегнал од местото на несреќата. Иако немало жртви, му се заканувала казна и до седум години затвор, но тој ја признал вината, па доби минимални три месеци домашен притвор, кои почнаа да важат од минатиот месец.

Всушност, тој имаше меч против Рајан Гарсија на 22 април и го нокаутира за 29 победа во кариерата од исто толку меча, а само две недели подоцна, судот во Балтимор ја донесе пресудата – три месеци условно и 200 часа општествено корисна работа. Не помина ни цел месец, тој излезе од домашен притвор и сега ќе мора да ги помине преостанатите 60-тина дена во затвор.

Треба да знаете
Последни објави