Search

Загина жител на Пирава, се истумбал со „фиат уно”

На 01.06.2023 околу 10.35 часот било пријавено дека на регионален пат Р-1105, на патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, патничко возило „фиат уно” со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот.

На местото на несреќата починал возачот Д.Ј.. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави