Search

Високи признанија за ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола во Троа

Делегација на Детско ликовно студио „Св, Кирил и Методиј“-Битола, на покана на УНЕСКО престојува во Париз и Троа. Од ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола информираат дека посебно признание за менаџирање во работата со млади ликовни уметници и таленти е доделено на претседателката на студиото, Елена Хаџи-Антоновска.

Во Битола ќе бидат донесени и други 20 признанија, од нив три за битолски ученици кои се издвоени меѓу топ 10 млади уметници во светот во својата категорија.

Во Троа е и ученичката Валерија Костовска, освојувач на бронзен медал во категорија млади од 14 до 17 годишна возраст.

Највисоко рангираните дела на млади ликовни уметници согласно прописите синоќа биле ставени на аукција со отстапување на авторските права за реплики, а делото на Костовска е откупено за 700 евра, средства кои како што информираат од Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, студиото ги отстапи на УНЕСКО со цел помош на организации и поединци кои не се во можност да ја посетат таа манифестација.

Треба да знаете
Последни објави