Search

Бремен маж на насловна на познат магазин го шокираше светот: Јас сум доказ дека може

Бремениот трансродов маж, Логан Браун, позираше за насловната страница на која денес гледа цел свет.

27-годишниот Логан позираше за насловната страница на „Прајд“ на магазинот „Гламур“ и порача: „Јас сум бремен транс маж и постојам. Што и да каже некој, јас сум жив доказ“.

Тој позираше во бојадисано одело, а милиони луѓе постојано коментираат на насловната страница.

Логан е трансродов маж кој забременил со небинарно лице кое се занимава со уметност. Тој вели дека неговата бременост била неочекувана и дека се чувствувал како да му „запрел цел свет“ кога го направил позитивниот тест. Меѓутоа, кога го прифатил тоа, одлучил да го привлече вниманието на јавноста споделувајќи го своето искуство од бременоста на блогот „Up The Duff Man“.

„Поминав толку многу време чувствувајќи срам и лутина на себеси додека не помислив: „Можеш да уживаш во овој процес или да направиш да ти е навистина тежок за себе“. Јас сум маж во бременост и горд сум што го правам тоа“, изјави тој во едно интервју.

Фотографиите се направени точно две недели пред тој да ја роди својата ќерка Нова, каде зборуваше за љубовта, родовата дисфорија и други прашања што ги интересира транс-лицата.

„Она што ме прави да се чувствувам моќен како транс маж е тоа што без разлика кој и да кажам дека сум, јас сум таа личност и никој никогаш не може да ми го одземе тоа“, рече тој во текстот кој предизвика големо внимание, и во Британија и во светот. Моментално пишува две книги, автобиографија и една за својата бременост, која ја нарече „Стомакот на татко ми“.

Треба да знаете
Последни објави