Search

Бендовите од општина Кисела Вода летово во “Битка на бендови”

“Битка на бендови” ќе се одржи летово во општина Кисела Вода. Во рамките на активностите поврзани со одбележувањето на роденденот на општината, како и реализаијата на културното лето 2023, Општина Кисела Вода распиша јавен повик за пријавување на  музички групи и бендови од овој дел на градот, кои би имале свои изведби на отворено и би учествувале во изборот за најдобар музички бенд.

Од музичките бендови се очекува да понудат атрактивна содржина и да ја надополнат и збогатат атмосферата на манифестацијата. Клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот се нивото на техничката изведба и визуелната презентација. Изборот ќе го врши комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кисела Вода. Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на посебен концерт во рамки на програмските активности на општината.

Повикот е достапен на веб страната на Општина Кисела Вода:http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/javen%20povik%20bendovi.pdf

Отворен е од денес, четврток, 01.06. 2023 год. до четврток 15.06.2023 год. Пријавите треба да се доставуваат во архивата на општината во хартиена форма најдоцна до среда (7.6.2023 г.) до 16 часот со назнака – “За избор на најдобри музички бендови”.

За повеќе информации во однос на огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да се обратите кај раководителот на Одделението за култура Даниела Костадинова, meil: daniela.kostadinova@kiselavoda.gov.mk, телефон:075/380-928.

Треба да знаете
Последни објави